Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Млад скопјанец отишол во полиција: Еве како го измамија татко ми за 18.000 денари

На 04.12.2022 во 19.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 22-годишен скопјанец пријавил дека на 23.11.2022 неговиот татко бил измамен од едно лице за сума од 18.000 денари. Според пријавеното, лицето најпрвин му се јавило и побарало од него извршување на угостителски услуги и се договориле да се сретнат во угостителски објект во населба Илинден.

Како што е пријавено, лицето повторно му се јавило и побарало од него пред да дојде на средбата на друго лице да му даде 18.000 денари за прехранбени производи, а тој ќе му ги дал заедно со парите за договорената услуга.

Исто така, според пријавеното, неговиот татко отишол на договореното место и неколку пати телефонски го побарал лицето, но тоа не одговорило, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

ДЕСК

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК