9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Самир Бехариќ, Балкан Форум: Не постои подобра алтернатива од ЕУ

„Можеби во овие земји има приврзаници на Русија, но сепак тие не одат таму и не мигрираат таму, туку избираат западни земји каде го продолжуваат образованието, работат и ги ценат западните вредности каде се почитуваат човековите права, вредностите, заштитата и правата на секој граѓанин. Ако нашите земји не се приклучат кон ЕУ, граѓаните сами ќе станат дел од Унијата“, изјави Самир Бехариќ, претставник на иницијативата „Балкан Форум“ во Босна и Херцеговина, кој учествуваше на дводневната конференција на мрежата „Logex“.

Според Бехариќ постои сериозна закана за мирот и безбедноста ако продолжат заканите со бомби во повеќето земји на Западен Балкан, бидејќи постојат политичари кои се коцкаат со мирот и ризикуваат нова војна или конфликт, бидејќи денеска војните може да се водат и без војници, на пример со дронови, како и да е затоа главната цел на Западен Балкан треба да е интеграција во НАТО, а исто така не постои и подобра алтернатива од ЕУ.

Заедницата LogEx е основана во декември 2021 година. Тоа е партнерство помеѓу универзитети и академици, граѓански организации и бизнис актери од Западен Балкан и дијаспората во регионот. LogEx е конзорциум од различни организации со заедничка идеја како што е циркуларната економија, безбедноста, развој на стратегии како да продолжи фокусот на овие теми, со цел да се промовираат и да се вклучат различни субјекти од општеството, како бизнис секторот, локалните власти, централните власти, со цел да се подобри законодавството како и мерките кои треба да бидат поддржани. Примарната цел е како да се привлече вниманието на младите за да бидат посвесни за потенцијалот, личниот развој и секако вработувањето преку циркуларната економија

камера и монтажа: Ариан Мехмети

извор: Civilmedia.mk

Спонзорирано: