Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против скопјанец за узурпација на недвижности и бесправно градење

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Р.М.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности” по член 225 и „бесправно градење” по член 244-а од Кривичниот законик.
Пријавениот, во текот на 2022 година, на катастарска парцела на место викано „Ветерник“ во с.Кондово, скопско, узурпирал плодно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија и, со намера да го стави во свое владение, го употребил за изградба на објект од тврда градба без да поседува одобрение за градење, издадено од надлежен орган согласно чл.56 ст.1 од Законот за градење.

Притоа, тој извршил и нелегално сечење на дрвна маса околу узурпираниот простор на површина од 500 метри квадратни, со што неповратно ги уништил природните својства на простор.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕА, ФОТО) СПОРЕДБА: ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ И ДЕНЕС – Дали Преспанското има шанси да се врати?

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО -10 СТЕПЕНИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Хорор во Македонија: Силувано и уценувано малолетно девојче, а потоа едниот и барал 20.000 евра за да не се објават ексциплитни фотографии

ДЕСК