Фејсбукс татус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:
Честитки до македонската параолимпијка, светски шампион, Оливера Наковска Бикова и до нејзиниот тренер, мојот сограѓанин кумановец, Бранимир Јовановски, за освоеното прво место во дисциплината Малокалибарски пиштол слободен избор на 50 метри – исклучителен успех којшто го постигнаа на Светското првенство во стрелаштво на 14 ноември во Ал Аин, Обединети Арапски Емирати.
Куриозитет е што Оливера Наковска Бикова е и европски шампион, што дотолку е посилна гордоста што нашата Македонка е единствената шампионка од глобален размер која држи две титули во поединечни спортови. Со ова, таа се стекна со право на учество на Параолимпијадата во Париз, 2024 година.
Уште еднаш, ви честитам за посветеноста и борбеноста, како на Наковска Бикова, така и на Јовановски, за континуитетот на успеси во богатата спортска кариера.
Напред до уште поголеми успеси!🇲🇰
фото Скриншок/Оливер Спасовски