Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНО

УТРЕ СКОПЈЕ ПОД ЦЕЛОСНА БЛОКАДА: Ова се улиците каде во петок ќе има посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 02.12.2022 (петок) поради најавено одржување на протест со почеток во 06.00 часот, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул „Илинден“, од крстосницата на бул „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со бул.8-ми Септември и околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Да потсетиме дека утре демонстрираат приватните превозници во Скопје, кои на Данела Арсовска и најавија дека ќе и донесат 200 автобуси.

Скопјани се гневни на Данела Арсовска, но и на превозниците кои им го згорчија животот во последниве недели предизвикувајќи тотален хаос во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК