Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Се отвора градинка во Крива Паланка

Во 10.00 часот, ќе се одбележи отворањето на градинката „Поточиња“, како дел од ЈУОДГ „Детелинка“ во општината Крива Паланка.

Изградбата на новата градинка е финансирана од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. Целта на овој проект е зголемување на капацитетите за прием на деца во системот на предучилишноo воспитување и згрижување, со што најмладите и нивните родители добиваат нови можности и поголем избор во секојдневниот живот.
За значењето на новата современа градинка за жителите на Крива Паланка, пред присутните ќе зборуваат:

• Јованка Тренчевска, Министерка за труд и социјална политика
• Сашко Митовски, градоначалникот на општина Крива Паланка
• Мирка Јакимовска, директорка на ЈУОДГ „Детелинка“

Можеби ќе ве интересира

ЗНМ: Времето не смее да ја замени правдата за нападите врз новинарите

ДЕСК

НОЌЕН НАПАД ВО СЕМЕЕН ДОМ ВО ОХРИД – 44-годишен маж физички нападнат

ДЕСК

ПОЖАР ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО ДЕБАР – Огнот избувнал на детскиот полигон, интервенирале пожарникарите

ДЕСК