Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведени двајца крадци во Скопје, следува соодветна пријава

Денеска (30.11.2022) во 02.10 часот на ул.„Призренска“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(40) од Скопје и А.Б.(43) од с.Бардовци, скопско. Тие се сомничат дека во периодот од 19.00 часот на 30.10.2022 до 08.00 часот на 01.11.2022 на ул.„Отон Жупанчиќ“ во Скопје одзеле повеќе предмети од патничко возило „тојота цхр“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.П.(47) од Скопје.

Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а во службен разговор во полициска станица лицата го признале делото.
По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК