6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Андоновски: Невозможно е студент кој не дипломирал да може да полага правосуден испит

Еден од условите за полагање на правосуден испит е искуството стекнато во институција за правните работи, во суд, обвинителство, Државно правобранителство, Народен правобранител, адвокат, нотар или извршител, вели за ЦИВИЛ медиа, заменикот јавен обвинител Јован Андоновски.

Според него, невозможно е студент кој не дипломирал да може да полага правосуден испит, бидејќи морал да достави доказ и за остварен стаж.

-Исто така и покрај тоа што Министерството за правда не чува документи повеќе од една година, сепак тие може да се најдат во Државниот архив, додава тој.

Андоновски појаснува дека законските измени во 2015 година на законот за полагање правосуден испит, но тие не се однесуваат на дискреционо право на министерот да одлучувакој може да полага испит или не, а во 2019 година е само сенамалени годинитена стажот од две на една година.

Антикорупциска побара регистар за положени испити
Антикорупциската комисија му препорача на Министерството за правда да има регистар на положени правосудни испити, изјави Билјана Ивановска претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) откако ја отвори темата за Барлет Џафери, син на претседателот на Собранието, кој положил правосуден испит пред да ги заврши студиите на Универзитетот на Југоисточна Европа.

-Ние ја отворивме темата, откривме дека тој универзитет каде што завршил прв степен на студии синот на претседателот, во четири години има издадено 449 такви уверенија за тригодишно образование со степен VII/1, што не соодветствува. Ја отворивме темата, но ние немаме истражен центар. Цело време кажувам со какви ограничени ресурси работиме и не можеме понатаму да истражуваме. Меѓутоа, транспарентноста е најголем борец против корупцијата и затоа побаравме да има електронско досие на нивната веб-страница и документите скенирани да се чуваат таму, па секој од новинарите ќе може за одреден човек да види дали ги исполнувал условите или не ги исполнувал и на кој начин му било прифатено барањето за полагање правосуден испит, изјави Иванова која денеска учествуваше на завршната конференција на проектот „Млади против корупција“.

Додека се разговарало на оваа тема слушнала, рече, дека поранешни министри имале дискрециско право да даваат некому предвремено полагање правосудни испит.

-Тоа никаде не постои во закон. Дури, во претходниот закон стоеше дека следува казна доколку му се дозволи на некој да полага пред време. Значи, нема простор за дискрециско право. Дискрецијата сама по себе создава многу непријатности и е основен извор на корупција затоа што дозволува да дојде до израз моќта на поединецот, суетата, влијанието од политиката итн. Затоа нашата заложба е да се минимизираат дискрециските права и да има објективен начин и за следење, и за покажување…, рече Ивановска.

Министерот за правда се оградува од случајот со синот на Талат Џафери
Министерството за правда нема да проверува дали имало масовни злоупотреби со полагање на правосудни испити на лица што се уште немале потребен степен на образование и стаж.
Случајот се актуелизираше откако антикорупциска уврди дека меѓу нив бил и синот на Талат Џафери, но актуелниот министер Никола Тупанчевски, смета дека ова треба да го расчисти просветниот инспекторат или други истражни институции..

Во тоа време, министерот Јашари го користел дискреционото право да одлучува кој смее да полага правосуден испит, но Тупанчевски вели дека тоа веќе неколку години е променето.

-Во членот 4, став 5 има експлицитна забрана да се повтори она што се случило претходно пред седум години. Некој пред мене констатирал дека има таков недостаток па го коригирал. Јас мислам дека тоа е правилно. Доколку постои било какво дискреционо овластување, треба да биде под сериозен надзор, изјави Никола Тупанчевски – министер за правда.

Дисрекционото право е основен извор на корупција, смета претседателката на антикорупциската комисија Билјана Ивановска, но повтрои дека немаат механизам да продолжат со испитување на случајот.. Предлага правда да отвори електронско досие во кое ќе има архива од сите кои положиле правосуден испит, па преку таа листа да се знае дали некој не ги исполнува критериумите.

-Транспарентноста е најголем борец против корупцијата и затоа побаравме да има електронско досие на нивната веб страна и документите скенирани да се чуваат таму па секој од вас новинарите ќе може да види.Дискрецијата сама по себе создава многу непријатности и е основен извор на корупција, затоа што дозволува да дојде до израз моќта на поединецот, суетата, влијанието од политиката, истакна Билјана Ивановска – претседателка на ДКСК .

Јавното обвинителство веќе потврди дека ги следат информациите со положените правосудни испити и ќе постапат доколку се утврдат елементи на кривично дело. Од Универзитетот пак се огласија дека поради техничко-административна грешка биле издавани уверенија со погрешно звање, а не дипломи, а такви биле помалку од двесте.

Инаку Барлет Џафери во моментов е дел од седмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители, која наскоро треба да заврши, а во неговите поднесени документи немало недостатоци и затоа му било дозволено да полага приемен испит.

Соња Танеска

извор: Цивил медиа

Спонзорирано: