20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / Pixabay
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка кај Чифлик – Има повредени

На 28.11.2022 околу 18.05 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Делчево, во с.Чифлик, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од В.М.(22) од с.Тработивиште, делчевско и патничко возило „хјундаи галопер“ со беровски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(26) од Берово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и Д.С.(45) од с.Град, делчевско, сопатник во возилото „фиат пунто“, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Берово.

(фотографијата е илустративна)

Спонзорирано: