Centar.mk
БИЗНИС

СДСМ: Откупот на тутун стартуваше со 30 отсто повисока цена од ланската, Владата предводена од СДСМ е вистински партнер на земјоделците

Изјава за медиуми, Миле Талевски, пратеник на СДСМ:
Откупот на годинешниот тутун стартуваше со 30 отсто повисока цена од лани, што само го потврдува она што го кажуваат и самите тутунари: Владата на СДСМ е вистинскиот партнер на земјоделците.

261 денар по килограм, е просечната откупна цена на годинешниот тутун, за разлика од ланскиот кога неговата цена изнесуваше 200 денари. Тоа, е историски највисока цена на тутунот во изминатите 10 години.

Ако згора на тоа се додаде дека во споредба со лани, годинава имаме поголем број на склучени договори и се очекува да бидат откупени 21.000 тони на тутун, што е за 10 отсто повеќе од лани, тогаш нема дилема дека ова ќе биде една од најдобрите и најдоходовните реколти.

Ќе потсетиме и на тоа дека токму Владата предводена од СДСМ ги зголеми субвенциите по килограм предаден тутун, и тоа на 80 денари за прва класа, 70 за втора, и 60 денари за трета и за дополнителните класи.

Дека достоинството на тутунарот ни е најважно, потвруваме со фактот дека субвенциите се исплаќаат навремено и неселективно.

Нема да му дозволиме на Мицкоски да го врати назад времето кога неговата криминална партија ги уценуваше и злоупотребуваше тутунарите за партиски цели.

Почитувани,

И во време на светска економска и енергетска криза, докажуваме дека не отстапуваме од дадениот збор пред земјоделецот. Го исполнуваме ветеното.

За СДСМ, интересите на тутунарите, се интереси и на државата.

Можеби ќе ве интересира

УЈП потсетува за пресметка до 31 март 2026

C +

Работниците се двојно попродуктивни од она што го добиваат преку платите, велат од ССМ

C +

Винарската визба „Тиквеш“ го одбележува Св. Трифун во знакот на одржливоста и иновациите во винската индустрија

C +