Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Преку стратешки инвестиции, обезбедени се над 1.000 MW во проекти за фотонапонски и ветерни централи

На дело ја спроведуваме и енергетската транзиција, преку концептот на Стратешки инвестиции, обезбедени се над 1.000 MW во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи и тоа со реномирани европски компании, порача претседателот Димитар Ковачевски на вечерашната трибина која ја организираше СДСМ во Велес под мотото „Силно и одлучно кон иднината“.

-Докажавме дека може и донесовме нови инвестиции со нови и добро платени работни места во ек на криза, рече Ковачевски набројувајќи ги енергетските успеси на Владата предводена од СДСМ во само краток период од 10 месеци. Ковачевски дополнително порача дека ова е само почеток кој ја означува енергетската стабилност на државата преку инвестиција во обновливи извори кои не само што обезбедуваат стабилност на енергетскиот систем туку овозможуваат и зелена и чиста држава за сите граѓани, порача Ковачевски пред граѓаните на Велес.

Можеби ќе ве интересира

ДРСКА КРАЖБА СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЗЛАТАРА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Лишени од слобода двајца романски државјани

ДЕСК

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани со 63 загинати и над 200 повредени е настан што ја одбележа 2025 година

C +

Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени

C +