Centar.mk
БИЗНИС

ДОЛАРОТ ОСЛАБИ: Цените на нафтата пораснаа

Индексот ДОЛАР кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 106,29 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 106,35 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 138,45 на 138,65 јени.

Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0375 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0355 долари.

Цените на нафтата, пак, силно пораснаа, откако вчера се лизнаа блиску до најниските нивоа за оваа година. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 2,5 отсто на 85,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 2,2 отсто на 78,95 долари.

Можеби ќе ве интересира

Samsung Galaxy S26 Серијата и Galaxy Buds4 Серијата сега достапни ширум светот

ДЕСК

Нов Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице

ДЕСК

Енергетската транзиција забрзува: Средба Божиновска со директорот на Енергетската заедница Лорковcки

ДЕСК