Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Спасовски беше присутен на приемот по повод националниот празник на Албанија 28 Ноември – Ден на албанското знаме и 110-годишнината од независноста на Албанија

Фб статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски

🇲🇰🇦🇱Со задоволство одговорив на поканата од страна на амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. Фатос Река, да присуствувам на приемот по повод националниот празник на Албанија 28 Ноември – Ден на албанското знаме и 110-годишнината од независноста на Албанија.

Со Република Албанија имаме блиски пријателски односи, кои беа потврдени и на неодамнешната заедничка меѓувладина седница во Скопје, а на која беа потпишани низа договори, меморандуми за унапредување на соработката помеѓу двете земји, со цел подобар животен стандард на граѓаните од нашите две соседни земји.

Нека нашата заедничка определба за евроатлантска интеграција биде единствениот патоказ за напредок кон подобри перспективи за сите наши граѓани.

Честит 28 Ноември, Денот на албанското знаме!

Можеби ќе ве интересира

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК

СУДОТ ПРЕСЕЧЕ ЗА НАСИЛСТВОТО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – Четири малолетнички упатени во воспитно-поправен дом

ДЕСК

НЕ ПЛАЌАЈТЕ КАЗНИ ПРЕКУ СОМНИТЕЛНИ ЛИНКОВИ – МВР предупреди на измами со „Безбеден град“

ДЕСК