23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Министерство за транспорт и врски: Заштедивме 47% електрична енергија споредено со истиот период минатата година, мерките носат резултати

Согласно препораките од Владата на Република Северна Македонија, Министерството за транспорт и врски спроведе мерки ненарушувајќи го процесот на работа и заштеди 47% електрична енергија во месец октомври 2022 година, споредбено со истиот месец минатата година.

Во овие времиња кога сите ги чувствуваат последиците од светската енергетска криза и недостатокот на енергенси, со навремени мерки и почитување на препораките, овозможуваме безбедно и непречено снабдување со електрична енергија.

Ова е само уште еден доказ дека мерките носат резултати. Секој може да даде придонес кон стабилноста во снабдувањето со електрична енергија и тоа директно зависи и од нашето поединечно однесување.

Енергетската ефикасност, односно рационалното користење на ресурсите ќе овозможи намалување на сметките, зголемување на конкуренцијта на претпријатијата, но и до огромни заштеди на државниот буџет.

Секоја заштеда, колку и таа да изнесува, е од голема важност. Доаѓаат постудени месеци и заради тоа мораме да внимаваме и да ги следиме препораките за штедење.

Би сакале да напоменеме дека значајна улога во оваа остварена заштеда имаат вработените во Министерството за транспорт и врски кои континуирано и совесно ги почитуваа препорачаните мерки.

Рационалното користење на електричната енергија преку воведените мерки што се покажаа како соодветни за нашата институција ќе продолжат да се применуваат и во наредните месеци.

Сите заедно, солидарно и рационално треба да ги користиме ресурсите со кои располагаме.

Се залагаме за стабилен енергетски систем, бидејќи тоа е потреба на сите нас. Посветено и со максимална ангажираност заедно ќе ги пребродиме и овие предизвици кои се исправени пред нас.