Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Полицијата напиша стотици глоби на граѓани возачи во Скопје и Битола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 11 мерки возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила. Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 11 санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

Во текот на вчерашниот ден (24.11.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 91 возачи. Од нив 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 36 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА СО ПОРАКА ОД БРИСЕЛ – Компромисот од 2022 година останува основа за европскиот пат на Македонија

ДЕСК

ОЈО ГОКК ПРОВЕРУВА ФИНАНСИСКИ ТЕКОВИ ПОВРЗАНИ СО АЛТА БАНКА – Хаџи Василева откри што досега испитува Обвинителството

ДЕСК

ФИЛИПЧЕ НЕ ГО ОТКАЖУВА ПРОТЕСТОТ ВО ОХРИД – Семејството на претепаната девојка побара случајот да не се политизира

ДЕСК