27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Тетово: Во првите десет месеци од годинава отворени се 2 илјади работни места во ТИРЗ

„Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. Само во минатиот месец, октомври, во ТИРЗ зоните се отворија 500 нови работни места со високи плати“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Тетово.

Тој додаде дека дополнително ќе се отворат уште 1.700 нови работни места од инвестициите кои се најавија изминатите неколку месеци.

„Мојот економски план и во услови на криза создава предвидлива бизнис клима и поддршка на компаниите кои работат на раст и развој и отворат нови работни места. А затоа, воопшто не трошиме ниту еден денар од Буџетот. Не плаќаме економски промотори, нема роуд шоуа, нема реклами на Си Ен Ен. Има работа, труд, менаџмент и знаење. Има реални политики, системски решенија има функционални институции кои градат поволна бизнис клима која ја става македонската економија меѓу првите три најатрактивни економии за инвестирање“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека во ТИРЗ Тетово пред неколку дена почна со изградба новата германска инвестиција вредна 9,2 милиони евра на компанијата „Кил“, а пред три месеци во истата зона се означи и почетокот на германската инвестиција за производство на електрични возила, која долгорочно ќе отвори над 3 илјади работни места.