5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Петровска до Ковачки: Документите кои ги покажувате се лажни, некој сака јако да ве намести

„Мислев дека после фијаското што го доживеавте со соочување на аргументите на нашето ТВ соочување, кое беше на мое барање, а не на ваше и со моето искрено на паузата кога ви кажав дека не кријам никаков имот, дека ќе се повлечете. Ако ништо друго, ќе си ги проверете документите со кои што очигледно дека некој сака и тоа многу јако, да ве излизга“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска одговарајќи на прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Таа додаде ги има сите документи и договори за имотот и дека ќе поднесе тужба за навреда и клевета против него за изнесените лажни обвинувања.

„Ќе ви требаат повеќе од три месеци да ги изанализирате сите овие официјални документи. Вклучителна и оваа мапа. Вклучително и овој имотен лист, кој за разлика од лажниот документ, кој вие го поднесовте, а е евиденционен лист и тоа сите го знаат, дека не е јавна исправа туку имотниот лист е јавна исправа, ќе ви каже адвокатот кој што ќе си го организирате за оваа тужба“ рече Петровска.

Министерката рече дека се надевала оти Ковачки ќе ја искористи седницата за пратенички прашања за да праша суштински прашања за плановите за Армијата или за министерството.

„Ама не можете да поставите. Затоа што вие бевте дел од една Армија, во едно време, кога во државата се инвестираше повеќе за споменици и за гипс картони, отколку за Армијата. И до ден денес немате честитано ниту еден успех на армијата. И после ова ваше грубо манипулирање на јавноста јасно ми е зошто избегавте од армијата. Затоа што се плашите да се соочите со успесите на македонската Армија“ рече Петровска.