Премиерот Димитар Ковачевски вчера од Кочани ја прoзва партијата Левица дека претствува опасност и го попречува патот на земјата кон ЕУ со својот полулизам.
– Со опасниот популизам, со својата анти-ЕУ и запалива реторика Левица станува се посилна и повлијателна. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги имаат целосно земено како заложници затоа што Мицкоски е слаб, без визија и без став, вели Ковачевски.
Иако претседателот на партијата, Димитар Апасиев во повеќе наврати со својата реторика, како во јавноста така и на социјалните мрежи ја критикува Унијата и нејзините политики кон земјава, има ли партии кои директно работат против евроинтеграциите на земјата?
Поранешниот преседател на Собранието и прв човек на НСДП, Тито Петковски за „Локално“ вели дека не верува дека некоја од партиите во државава е против ЕУ, меѓутоа тој укажува дека начинот на политичко делување на една партија може да биде штетно.
Петковски за „Локално“ вели дека не мисли дека ниту Левица, ниту ВМРО ДПМНЕ ниту СДСМ работат против европските интеграции на државава. Но тој укажува дека секоја од партиите нудејќи ја својата политика, размислува дека токму таа ќе ја доведе земјата до ЕУ.
„Значи тргнуваат од сосема различни позиции. Левица не се соглaсува со компромис – тие во јавноста излегуваат со изјави од типот дека, – нема ние што да разговараме со Бугарија, тие се мешаат во нашите внaтрешни работи, нема ни преговори, договорот треба да промени-итн, сакам да кажам дека со екстремно рaдикални стaвови, дури по екстремизмот го надминаа ВМРО ДПМНЕ и сакаат да ги стават во сенка на тој план“, вели Петковски.
„Како и да е Левица во изминатиот период се избори за свое место на политичката сцена“, смета тој.
Дел од аналитичарите тоа го доведуваат во врска со презаситеноста на граѓаните од најголемите македонски партии сите овие години и особено со радикализирањето на меѓусебните односи и ненаоѓањето на заеднички јазик кога се во прашање државните интереси.
„Претпоставувм дека Левица тука најде некој простор. Но, начинот на кој Левица ја практикува својата политика многу не се разликувa од радикалното меѓусебно однесување на овие две партии, кое е радикално и недолично често пати, туку одат и чекор понатаму, настапуваат уште порадикално во однос пред се ко владеачката партија, а не ги штедат и партиите од опозицијата”, вели Петковски.
Поранешниот претседател на НСДП вели дека спротиставувањето на Левица на европските текови, приближувањето кон руските позиции, демонстрирањето на негаторски односи кон западната цивилизација во контекст на нашата аспирација кон ЕУ, не е од полза за Македонија.
„Мислам дека повеќе и штетат враќајки назад, дека се што било направено треба да се смени и Рамковен договор и договорот со Грција и договорот со Бугарија, сето тоа да се стави надвор од политичкиот систем, и да се оди кон обнова на државата. А, јас не гледам во нивната визија и програма на кој начин тоа би го направиле. Во односите со Бугарија можеби тука одат и чекор подалеки Не гледам конструктивност“, вели Петковски.
М.С.М.
извор: Локално.мк