13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото архива/илустрација/Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Aлијансата за Албанците за „Ласкарци“ и „Беса транс“: Да се стави крај на исмејувањето со жртвите и нивните семејства

Денес целaта јавност беше сведок на една многу скандалозна постапка на судот. Денес уште еднаш настрадаа семејствата на загинатите во трагедијата во Ласкарци, со откажувањето на седницата со најбаналното оправдување дека не е извршено супервештачењето, реагираат од Алијанса за Албанците.

„Алијанса за Албанците оценува дека ова супер вештачење е измислено токму за оваа цел, да се одложат рочиштата и да се заштитат одговорните за трагедијата и сите неправилности поврзани со овој случај. Покрај тоа, вчера се наврши една година од трагедијата со автобусот на „Беса транс“ во Бугарија. Ниту овој, ниту случајот на Ласкарци не добиваат епилог и сето тоа е благодарение на судството контролирано не само од политиката, туку и од групи што имаат интерес“, потенцира Аднан Незири пратеник од оваа партија.

Алијанса за Албанците апелира до органите на правдата да стават крај на исмејувањето со жртвите и нивните семејства.

„Овие скандалозни случаи го прават неопходен ветингот и радикалните реформи во судството, обвинителството и другите органи на државниот систем“, се подвлекува во нивното соопштение.

Спонзорирано: