4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ бараа гласови од скопјани за Арсовска и направија катастрофа, штетата во Град Скопје е само нивна

Реакција на СДСМ на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски бараа поддршка од граѓаните на Скопје за нивната кандидатка за градоначалничка, Даниела Арсовска.

Заради рацете во медот од тендер вреден 136 милиони евра се испокараа. Градот Скопје е пред нова катастрофа и во тотален колапс, нема ниту еден проект којшто се реализа, не функционираат јавните претпријатија, после 30 години нема ниту јавен превоз а не нешто повеќе.

Одговорноста е кај ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски за штетата што Град Скопје ја трпи во оваа година и ја покажува сета нивна неспособност.

По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ им приредува нова катастрофа на граѓаните на главниот град.

Се она што Мицкоски го ветуваше пред скопјани се покажа како една голема и огромна лага.

Затоа Владата предводена од СДСМ, ќе ги преземе сите големи и клучни проекти кои се започнати во Скопје и во рамките на своите надлежности ќе ги направи, заради граѓаните, заради скопјани.