Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Додека полицајци проверувале товарен воз кај Илинден во еден момент се чул силен звук проследен со јака светлина, кога отишле да видат нашле починат маж без документи

На 20.11.2022 во 19.06 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека при преглед на товарен воз на Железничката станица Илинден, кој сообраќал на релација Гевгелија-Табановце, од страна на полициски службеници, во еден момент се чул силен звук проследен со јака светлина.

Откако била исклучена струјата било забележано починато лице, најверојатно мигрант кој немал документи за идентификацја, а кој кога сакал да се симне го допрел струјниот вод.

Смрт констатирал лекар од итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид бил извршен.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК