Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Tренчевска за ТВ Гура: Грижата за ранливите категории граѓани е наш приоритет и обврска

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Фокус, на Телевизијата Гура од Кичево зборуваше на неколку теми кои се под надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Министерката Тренчевска зборуваше за згрижувањето и подигање на свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната улога во општеството. За таа цел, во тек е кампања Подај рака – стани згрижувач“, каде министерството, центрите за социјални работи, заедно со СОС Детско село, Заводот за социјални дејности и Општините работат на терен во сите региони во државата.

„Згрижувањето е една од најхуманите работи која што може секој граѓанин кој што има услови да ја направи, а тоа е да понуди топол дом и љубов на децата кои што станале без родители или родителска грижа. И наместо да ги сместуваме во институции, да бидат сместувани во семејства, во топла атмосфера најблиска на биолошката семејна средина,“ истакна Тренчевска.

Министерката зборуваше и за отворањето на трите центри за поддршка на згрижувачки семејства кои се отворија во нашата држава, а тоа се Центарот при Детскиот дом „11 октомври, Скопје, Центарот при Домот за доенчиња и мали деца во Битола и ПУ СОС Детско село. Целта на овие центри е да им помогне на семејствата кои се згрижувачи како полесно да се справат со предизвиците, а тоа го добиваат од стручни лица од овие центри.

Во моментот во државата има 327 згрижувачки семејства во кои се сместени вкупно 559 корисници.

Министерката Тренчевска зборуваше и за новиот Закон за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, кој неодамна беше усвоен од Собранието.

„Со овој закон овозможуваме дополнителен приход на ранливи категории граѓани, започнувајќи од месец декември. Тоа се примателите на правото на социјална сигурност, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, корисници со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед. Самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари, корисници на право на надоместок за телесно оштетување и невработени лица-корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок,“ информираше Тренчевска.

Министерката посочи дека овие лица не треба да аплицираат, нив ги има во системот на Министерството, Агенцијата за вработување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. За таа цел ќе бидат објавени списоци на веб страните на посочените институции. Лицата кои ги нема на списокот , а ги исполнуваат условите ќе имаат право на приговор.

Министерката зборуваше и за последните законски измени со кои посебниот додаток кај децата со попреченост се зголеми за 15%, за новата методологија за усогласување на пензиите согласно која пензионерите добиваат континуиран раст на пензиите, како и новото усогласување на социјалната помош со трошоците за живот од јануари 2023 година.

„Од месец октомври до март примателите на Гарантирана минимална помош и правото на социјална сигурност добиваат дополнително 1000 денари за покривање на дел од трошоците за енергенси. Ова право во време на пандемија го продолживме на сите 12 месеци, рече Тренчевска.

Министерката зборуваше и за зголемување на бројот на детските градинки и опфат на што поголем број на деца во предучилишното воспитание и образование , како еден од приоритетите на оваа Влада.

„Од 2017 година до денес имаме отворено 73 нови објекти за предучилишно образование ширум државата. И после долги години, започна инвестирањето и во руралните средини. Согласно концептот едно општество за сите , сите деца имаат право на еднаков пристап за предучилишно воспитание и образование,“ рече Тренчевска.

Министерката зборуваше и за важноста од воспоставувањето на социјалната услуга помош и нега во домот која Министерството ја спроведува преку Проектот за подобрување на социјалните услуги со поддршка на Светска банка. Преку Проектот досега се вклучени 27 општини низ целата држава. Воедно апелираше да се пријават и останатите општини кои досега не ја воспоставиле оваа услуга.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Нова цена на горивата – Се очекува поевтинување

Утре Регулаторната Комисија стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник. На светските берзи цените на нафтата… Прочитај повеќе

Денеска РКЕ ќе стокми нова цена на горивата

Денеска Регулаторната Комисија за Енергетика стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник. Во моментов бензините се… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе