Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Неколку апсења низ Македонија – полицијата со полни раце работа

На 19.11.2022 во 10.15 часот на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје. Тие биле затекнати при извршување кражба во продажен објект, при што одзеле повеќе производи. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а за случајот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.11.2022 во 14.30 часот на влез на с.Шишево, скопско, полициски службеници од Полициската станица Сарај го привеле М.И.(44) од с.Шишево. При преглед во патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени бесправно исечени огревни дрва и моторна пила. Возилото, дрвата и пилата биле одземени за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.11.2022 во 10.50 часот на ул.„Петар Ацев“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.11.2022 во 12.30 часот на ул.„Симеон Кавракиров“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.П.(23) од Гевгелија, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК