Centar.mk
АВТО ЦЕНТАРБИЗНИС

Еуро 7 ќе има драматично влијание врз цените: Колку може да поскапи Volkswagen Polo

Директорот на Фолксваген Томас Шефер предупредува дека градскиот автомобил ќе поскапи од 3.000 до 5.000 евра.

Најавата дека на просечниот граѓанин ќе му биде се потешко да купи нов автомобил никогаш не била поблиску до реалноста. За жал, со стандардот Еуро 7 доаѓаат и посебни барања за производителите кои ќе треба да ги направат издувните гасови од своите возила уште почисти.

Тоа значи вградување нови технологии и поскапување.Еуро 7 треба да стапи на сила од 1 јули 2025. Според Европската комисија ќе ја зголеми цената на новиот автомобил за 90 до 150 евра, што не звучи претерано, но извршниот директор на Фолксваген Томас Шефер предупредува дека реалноста е поинаква.

Тој смета дека малиот градски автомобил ќе биде поскап од 3.000 до 5.000 евра, што би ја потиснало цената на повеќето возила како VW Polo над 20.000 евра за основните верзии.

Шефот на германскиот автомобилски гигант изјави за Autocar на автосалонот во Лос Анџелес во 2022 година дека производителите исто така ќе мора да се придржуваат до построги безбедносни прописи кои ќе бараат инсталирање на скапа технологија.

Тој рече и дека ќе се преиспита дали воопшто вреди да се инвестира во мали автомобили со SUS мотори. Доколку тоа не е профитабилно за Volkswagen, иднината на моделот Polo ќе биде доведена во прашање.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ТОКМАТ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Можно ли е поскапување на дизелот и бензинот од вторник? Нафтата на светските берзи достигна 93 долари за барел

ДЕСК

Пензионерите мартовската пензија ќе ја добијат во април со илјада денари покачување – за две години пензиите се зголемени четири пати

ДЕСК

Седум „злата“ и три сребрени признанија: Врвните вина на „Тиквеш“ брилираа на Mundus Vini Spring Tasting 2026

C +