7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Од нас зависи дали ќе продолжи концептот на повисоки плати, пензии и враќање на парите кај народот

Претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска се обрати пред присутните граѓани на трибината под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ во Македонски брод.

Тренчевска се осврна на политиките на владата,нагласуваји веднаш на почетокот на мандатот оваа влада ја зголеми минималната плата.

Од 2017 до денес минималната плата ја зголемивме 100%, од 9 илјади на 18 илјади. затоа што работниците за нас се важни, нагласи Тренчевска, додавајќи дена просечната плата постојано расте и сега изнесува 31.812 денари.

Ветивме и реализиравме поголеми пензии. Само во текот на оваа година пензиите пораснаа за речиси 10%. Во март 2023 пензиите ќе пораснат за уште најмалку 7%, тоа е историски најголемо зголемување на пензиите, нагласи Тренчевска.

Претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска истана дека со новиот пакет антикризни мерки вреден 350 милиони евра им се помага на околу 200 илјади граѓани и на реалниот сектор.

Мислиме на сите ранливи категории на граѓани, обезбедуваме социјална сигурност за лицата со попреченост, посебен додаток за пензионери, стечајни работници, корисници на надоместок за телесно оштетување, нагласи Тренчевска.

СДСМ е силна, државотворна, државничка партија со која е сигурна иднината на Македонија, на секој наш граѓанин, од нас зависи каква ќе биде иднината на нашата држава, дали ќе продолжи по овој вистинскиот пат или ќе се врати во мрачното минато, од нас зависи дали ќе продолжи концептот на повисоки плати, пензии и враќање на парите кај народот, порача претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска на трибината под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ во Македонски брод.

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК