24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Државата нуди поддршка секаде каде што ќе препознае потенцијал за развој

„Со двајцата основачи на компанијата ‘Органска буковка’ разговаравме жза нивниот развоен бизнис план кој е навистина интересен. Со самото работење дошле на идејата за дополнителен производ, да се произведува чисто органска дехидрирана буковка со иновативна технологија. Развојот на овој нов производ е кофинансиран од средства на Фондот за иновации, што укажува на фактот дека државата нуди поддршка секаде каде што ќе препознае потенцијал за развој и напредок во бизнисот како што е овој“ изјави премиерот Димитар Ковачевски при посетата на фабриката „Органска буковка ДОО“ во Охрид.

Тој ги охрабри компаниите во земјава да го следат овој позитивен пример, како и економските политики и донесени мерки од Владата.

„Благодарение на користењето на дел од тие мерки преку Министерството за економија и преку Развојната банка на Северна Македонија, како што се субвенционирање на плати, или пак бескаматни финансиски средства, оваа фабрика успеала да го задржи континуитетот на работење, но и да се развива“ рече Ковачевски.

Премиерот исто така ја поздрави и пофали одлуката на компанијата да инсталира фотонапонска ценрала од 30 киловати на фабриката, со што целосно ја покриваат потребата од електрична енергија.

„Овде сакам да ги повикам производствените компании да инвестираат во сопствени фотонапонски централи со кои долгорочно ќе си ги намалат сметките за струја а со тоа и производствените производствените трошоци. Обновливите извори на енергија се нашата иднина.Ние како земја имаме ресурси, имаме сонце, вода, плодна почва. Со правилна поддршка и правилно менаџирање, јас сум уверен дека можеме да ја трансформираме нашата прекрасна татковина во хаб на зелената енергија“ рече Ковачевски.