Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМА

ДОАЃА ВЛАЖЕН БРАН: Денеска променливо со повремен дожд, на почетокот од идната недела пад на температурата и снег на планините

Подрачјето на нашата земја во следните денови ќе биде под влијание на серија на влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет.

Утре и во понеделник врнежи ќе има на повеќе места, а локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд (над 40 л/м2) и појава на грмежи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Од понеделник температурите ќе бидат пониски и на повисоките планини ќе има повремени врнежи од снег.

Можеби ќе ве интересира

25-годишна жена од Мала Речица пријавила напад во својот двор

ДЕСК

Возел без важечка дозвола и со истечена регистрација – приведен 22-годишник во Гостивар

ДЕСК

ВНИМАВАЈТЕ, ваква измама се случи во Македонија: Проверил мобилно банкарство и открил дека му недостигаат 139.474 денари

ДЕСК