Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Дали некој ја саботира АНБ?

Деновиве се отворија многу прашања поврзани со Агенцијата за Национална Безбедност, која всушност треба да ја обезбеди националната безбедност преку добивање на информации за евентуални безбедносни ризици во Македонија.

АНБ деновиве е под вкрстен оган од опозицијата и медиумите. Интересно е што сето ова се случува во доста кризен период за светската стабилност, имајќи ги во предвид интересите на трети земји да направат што поголем хаос и штета во НАТО државите кои јасно и гласно застанаа против руската агресија врз Украина.

Случај “Онишченко”
Интерната постапка за евентуален пропуст за случајот „Онишченко“ констатира дека не е испочитувано последното ниво од безбедносната проверка и не била направена консултација со НАТО партнерите пред да се даде позитивно мислење.

Лоциран е прстенот и поединецот што го ставил потписот и ќе се преземе одговорноста. Да потсетиме дека поради непознати причини лицето кое требало да изврши дополнителни проверки кај националните агенции за безбедност на земјите партнери не си ја завршил работата, односно не проверил дали е треба да има доделување македонско државјанство на украинскиот државјанин Олександр Онишченко, кој бил ставен на црната листа на САД. Истрагата во АНб треба да открие дали се работело за саботажа или непрофесионализам.

Дали полицаец од Прилеп неовластено го фотографил возилото на своите колеги од АНБ?
Но, деновиве, се отвори и нов скандал, овој пат опозициски функционер објави фотографија од возило во сопственост на Агенцијата за Национална Безбедност, притоа тврдејќи дека агенти на АНБ го следеле опозицискиот лидер, а истовремено можеби откривајќи државна тајна, со што во опасност се ставени агентите на АНБ, но и можеби цела една операција или задача која би можела да биде за најразлични работи.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, по седницата на собраниската комисија оддржана вчера на која даваше отчет за случајот „Онишченко“, изјави дека АНБ е во консултации со надлежните органи за кривично гонење околу објавените фотографии и иницијали од оперативци на агенцијата, кои во јавност ги сподели ВМРО-ДПМНЕ.

Се работи за објавата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки од пред две недели, во која тој прикажа фотографија од службено возило на АНБ во Прилеп, како доказ дека оперативци на агенцијата биле во градот истиот ден кога таму беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ковачки ја обвини државната безбедносна агенција дека Мицкоски е под нејзин постојан надзор.

Директорот на АНБ рече дека ниту еден политичар не е следен или прислушуван од АНБ, а за фотографиите наведе дека агентите на АНБ биле во Прилеп на службена задача поврзана со безбедноста на државата.

Како што ојбави Димовкси, беше излезено во медиумите дека тројца оперативци на АНБ престојувале во Прилеп кога таму бил претседателот на главната опозициска партија, притоа на тој електронски медиум беше објавена фотографија на возило со делумно покриена регистрација и иницијали, односно малку повеќе од само иницијали на тројцата оперативци на АНБ.

– Tоа претставува одавање класифицирана информација и тоа беше направено од припадник на таа политичка партија кој долги години бил во безбедносните структури и кој е сега заменик-претседател на оваа комисија“, рече Димовски, мислејќи на Комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во Парламентот.

После повеќето чудни ситуации можеби и ќе треба да се истражи за тоа дали некој ја саботира АНБ. Од каде опозициски полицаец има информации за возилата и агентите на Агенцијата за Националната Безбедност, и конечно треба да се расчисти дали вмешана е и непријателска држава?

извор Вестиплус