8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ДЕНОТ КОГА ГО ИЗЕДОВМЕ БОГА” ОД ГОРДАНА ЈОВИЌ- СТОЈКОВСКА

  1. ноември 2022 година, 19:19  часот, Салон ИМПЕРИЈАЛ 2

Почитувани,

Културно-Информативниот Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани  на  промоција на книгата „Денот кога го изедовме бога“ од Гордана Јовиќ – Стојковска  на ден 23.11.2022 година,  со почеток во 19:19 часот, во Салон Имеријал 2.

 

Книгата ќе ја промовираат  Елизабета Јончиќ и Иван Антоновски, извадоци од книгата  ќе чита авторот, водител на вечерта Димитрие Мијатовиќ.

 

„Во овој роман, загадочно насловен како Денот кога го изедовме Бога, Гордана оди чекор подалеку, па тој свет го претставува не само како ослободен од смисла, туку и како агресивен, острастен и умоболен. Таа покажува дека кога светот ќе се ослободи од Бога, тој веќе нема потреба ни од морал ни од полиција ни од суд, зашто ако Бога го нема (како и кај Достоевски) – сè е дозволено. Затоа и за главна тема на своето најново прозно дело таа ја одбира – педофилијата: сексуалната злоупотреба на малолетнички, од страна на општествено имобилизирани и недопирливи моќници. Се разбира, околу оваа основна тематска оска, Гордана дијагностицира и една севкупна психопатологија на општеството“

Венко Андоновски

 

Гордана Јовиќ – Стојковска е книжевник и есеистичар, преведувач и истражувач на јужнословенска митологија. Родена 1961 во Грделица, Србија. Дипломирала на Филолошки факултет.  Член е на ДПМ. Од 1989 – 2002 година работи како претседател на Книжевна младина на Македонија. Од 1991 е еден од основачите и раководители на Младински совет на Македонија. Во рамките на своите активности организира книжевни и културолошки фестивали, колонии, конференции, конгреси, како и континуирании книжевни настани со цел претставување на македонската книжевност, но и претставување на српската и книжевностите на други екс ЈУ народи пред македонската книжевна и културолошка публика. Работи на организирање на Млада Струга, Струшки вечери на поезијата,  Рацинови средби и  на меѓународни симпозиуми „Исток – Исток“. Автор е на повеќе книжевни дела, поезија и проза. Сите нејзини прозни дела се објавени на српски и македонски како авторски. Од 2001 година активно се занимава и со преведувачка дејност и има над 30 поетски, прозни и стручни книги Преведува од бугарски , словенечки, српски и македонски. Автор е на повеќе детски ТВ драми и серијали реализирани во МТВ. Добитник на повеќе меѓународни и домашни награди Нејзините дела се преведувани над 20 светски јазици.