11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

16 ДЕНА АКТИВИЗАМ ЗА БОРБА ПРОТИВ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО 25.11 – 10.12

Оваа година 16-те дена на активизам против насилството, ќе се случуваат паралелно со Светското фудбалско првенство 2022. Според истражувањето на Центарот за економски перформанси1, се забележува зголемување на семејното насилство по завршување на важни фудбалски натпревари. За време на двочасовната игра, првично се забележува 5% пад во случаите на насилство, но пред самиот крај на натпреварот започнува пораст и го достигнува пикот на 10 часови по завршување на натпреварот. Според студијата, сите овие случаи на семејно насилство ги вршат лица кои консумирале алкохол, но и кога натпреварите се играат пред 19 часот. Неочекуваните резултати од натпреварите немаат значително влијание врз инцидентите на насилство.

Претстојниот Светски Мундијал на ФИФА 2022 е потенцијално напорен период за добротворните организации и невладини организации кои се борат со семејното насилство. По овој повод, AVON објави грантови од повеќе од 1 милион американски долари во тек на 2022 година за повеќе од 35 невладини организации за семејно насилство ширум светот, вклучувајќи ги и Refuge во Обединетото Кралство, 1000 Women Trust во Јужна Африка и Центарот за права на жените во Црна Гора. Овие донации, ќе им помогнат на службите да продолжат да работат и да ја обезбедуваат клучната поддршка за жртвите. За време на 16-те дена на активизам, AVON повторно соработува со глобалната добротворна организација NO MORE на кампањата #iamasupporter, охрабрувајќи ги луѓето да покажат поддршка за жртвите од семејно насилство. Клучен дел од кампањата на AVON и NO MORE е да се подигне свеста за знаците на семејно насилство и како да се преземе акција:

1. Препознајте: Научете да ги препознавате знаците на семејно насилство
2. Одговорете: Слушајте, не осудувајте.
3. Препорачајте: Охрабрете и побарајте помош од локални специјалистички служби за поддршка на жртвите на насилство.
4. Зборувајте: Покажете дека сте поддржувач со користење на хаштагот #iamasupporter. Користете ги социјалните медиуми за споделувајте ресурси и информации за подигање на свеста за семејното насилство

Спонзорирано: