5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кекеновски: ВМРО-ДПМНЕu да се огради од прогласувањето континуитет со некогашното ВМРО

Универзитетскиот професор и некогашен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Јове Кекеновски јавно побара ВМРО-ДПМНЕ да се огради од прогласување континуитет од историското ВМРО.

„Мојот став по ова прашање е кристално јасен и дециден уште од денот на формирање на ВМРО ДПМНЕ, а во 1997 година бев еден од 63- членови на ЦК кои побараа расчистување со бугарофилите во партијата по што бев сменет од претседател на КИЕ 116 и член на ЦК на партијата изјави за 24инфо.

Затоа повторно по којзнае кој пат повторувам, ВМРО-ДПМНЕ треба да се огради од прогласувањето континуитет со некогашното ВМРО (со злосторниците и негаторите на Македонија и Македонците кои биле на чело на ВМРО) кое беше направено на Конгресот во Кичево во 1995 година.“ вели Кекеновски за 24инфо.

Кекеновски бара и законско ограничување на промоција на личности кои заговараат антимакедонизам.

„Оваа материја треба да се регулира. Ние од 1991 година не успеавме да донесеме закон со кој ќе се оневозможи да се промовираат личности кои промовираат антимакедозам а истовремено да ја осудиме нивната фашистичка дејност. Правото треба на сите да им овозможи да ги уживаат своите права, а тоа треба и странците да го почитуваат. ВМРО-ДПМНЕ треба да се оградат од прогласувањето континуитет со некогашното ВМРО што беше направено на Конгресот во Кичево во 1995 година“ додава Кекеновски.

Извор 24 инфо.мк

Спонзорирано: