22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Еве ја разликата ВМРО-ДПМНЕ ги тепаше студентите, Ковачевски ги слуша и почитува

Соопштение на СДСМ

СДСМ ги слуша проблемите на студентите, работи за нив и ги вклучува во носењето на политиките, кои што ги засегаат.

Триесет години во оваа држава студентите немаше кој да ги седне на маса, но времињата кога некој можеше да си погрува со студентите како што сака, поминаа.

Поминаа и времињата кога партиски злоупотребуваната полиција тепаше студенти на плоштади, во библиотеки и студентски домови како што тоа беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, самоиницијативно се сретна со сите лидери на студентските движења и заедно низ дијалог најдоа заедничко решение за студентскиот оброк, како и за други прашања во врска со студентскиот стандард.

Студентскиот оброк, за прв пат воведен пред две години од страна на СДСМ, на предлог на СДММ, ќе продолжи да се користи по старите критериуми.

Студентите ќе бидат вклучени во работната група, која ќе работи на креирањето на законско решение, кое ќе биде системско.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ги слуша и почитува студентите, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ која своевремено ги тепаше и злоупотребуваше студентите за свои партиски цели. Разликата е јасна и очигледна.

СДСМ посветено работи на евроинтеграцијата на државата, за европската иднина, да можат студентите да живеат како нивните врсници во сите други  држави членки на ЕУ.