Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Скопје, пронајдени пушка и муниција

На 15.11.2022 во 20.30 часот на ул.„23-ти Октомври“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода М.А.(34) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка – карабин „Црвена застава“, 53 куршуми за револвер 357 Магнум и 17 куршуми за ловечки карабин, кои ги поседувало нелегално. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Kостадиновски: Авторитетот на уставните судови произлегува од „квалитетот на нивните одлуки и од довербата што ја уживаат кај граѓаните

ДЕСК

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

ДЕСК

Новиот Кривичен законик и новиот Закон за кривичната постапка објавени на ЕНЕР

ДЕСК