3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

Метеоролозите излегоа со детална прогноза за следните 4 дена – Какво ќе биде времето до крајот на оваа седмица?

Под влијание на серија на влажни бранови во следните денови времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. Во недела наместа врнежите ќе бидат пообилни, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец, особено во петок и во недела.

Прогноза за 19.11.2022
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 19°C

Сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 20.11.2022
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 11°C до 16°C

Облачно со врнежи од дожд, на места пообилни и поројни и понекаде со појава на грмежи. Ќе дува умерен, а на места засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 21.11.2022
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 7°C до 13°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а на места засилен ветер од јужен правец.

Спонзорирано: