Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Купувале преку интернет, но кога го отвориле нарачаното се изненадиле – Полицијата поднесе кривична пријава против продавач на фејсбук

Кривична пријава за измама на купувачи

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.И.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измамување на купувачи” по член 248 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во текот на 2021 година, на социјалната мрежа Фејсбук креирал профил за продажба на производи и со намера да ги измами купувачите објавил дека продава грејач за шише за хранење на бебиња. После тоа, неколку граѓани го нарачале производот и откако го добиле увиделе дека доставениот производ воопшто не одговара на содржината, видот, потеклото и квалитетот како што било наведено во објавата на профилот. Откако некои од граѓаните се обиделе да го вратат производот, пријавениот ги блокирал преку креираниот профил, по што не можеле да остварат комуникација со него и да го вратат производот.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК