Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

230 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 11 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 50 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза, доаѓа промена на времето – Детална прогноза за 2-ри март 2026

ДЕСК

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +