Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Предложен куќен притвор за лицето кое ја нападна екипата на 24 тв и го покажуваше половиот орган

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 67-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот, на 14 ноември, со грубо навредување и грубо насилство ја загрозил сигурноста на снимател од новинарска екипа, додека кај присутните сведоци – новинар и возач на телевизиската екипа предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Осомничениот најпрвин упатил погрдни зборови и пцовки кон новинарската екипа која снимала прилог, а потоа и физички го нападнал снимателот, удирајќи го со лактот во вилицата и нанесувајќи му телесна повреда – набиеница.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство, како и особени околности врзани со начинот на извршување на делото кои укажуваат дека тој би можел да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка – куќен притвор​.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +