Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски го посети повредениот припадник на ЕБР кој се повреди за време на спасувачката потрага на алпинисти на Шар планина

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи:

Утрово, во комплекс клиниките Мајка Тереза, во Одделот за торакална хирургија, го посетив колегата, припадник на Единицата за брзо распоредување, кој се здоби со повреди за време на спасувачката потрага по алпинисти на Шар Планина што се случи минатата недела.

Станува збор за еден од поискусните колеги со 24 годишно искуство, старешина, командир на вод, кој доброволно се пријавил во спасувачката потрага да се спаси човечки живот.

Огромно признание и почит до колегата, како и до сите кои учествуваа во спасувачката потрага – екипи на МВР од ЕБР и САЕ „Тигар”, СВР Тетово, кои со специјални теренски возила и хеликоптер се упатиле на посоченото место на Шар Планина каде што извршија прифаќање и извлекување на колегата и алпинистите. Благодарност и до Центарот за управување со кризи и ТППЕ Тетово, како и до медицинските лица за укажаната нега.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК