Centar.mk
ЛОКАЛНО

Општина Центар: Издадени 68 правосилни одобренија за градење со барања поднесени од 1.1.2021

Како одговорна, транспарентна и отчетна општина, Центар од оваа година започнува нова активност, односно објавување на полугодишни извештаи за издадените одобренија за градење.

Оттука, издадени се вкупно 68 одобренија за градење на територија на Општина Центар, кои се однесуваат на барања поднесени од 1.1.2021. Од доаѓањето на градоначалникот Горан Герасимовски на позицијата, односно од 4.11.2021 заклучно со денес (15.11.2022), издадени се 35 правосилни одобренија за градење.

Се работи за управни постапки кои ја имаат поминато целата процедура за издавање правосилно одобрение за градење и до општината ја имаат доставено целосната потребна документација.

Овие полугодишни извештаи кои општината ќе ги објавува се уште еден чекор напред кон целосно воспоставување на целосно транспарентни и отчетни институции.

Оваа нова востановена практика на Општина Центар е позитивен пример и за останатите општини, не само во Скопје, туку и во целата држава, за тоа како да се подигне нивото на транспарентност во самите институции.

Можеби ќе ве интересира

Општина Аеродром изрече забрана за работа на два угостителски објекта

C +

Ученици од “Кочо Рацин” во посета на локалната самоуправа

ДЕСК

Градоначалникот на Битола на прославата на патрониот празник и големиот јубилеј на градинката “Естреја Овадија Мара”

ДЕСК