Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Пироманите од Левица се реална закана за европскиот пат, Мицкоски станува се послаб

Соопштение на СДСМ:

Пироманите од Левица се реална закана за европскиот пат, Мицкоски станува се послаб

Пироманите од Левица претставуваат реална закана за европската иднина на државата.

Димитар Апасиев и Левица имаат јасна агенда да го попречат патот кон ЕУ, а нивната политика ќе ја направи државата, не посилна, туку послаба, ако запре еврпскиот пат.

Левица се се посилни, затоа што Христијан Мицкоски станува се послаб.

Како што изминуваат деновите Левица ќе го земе Мицкоски како нивен заложник, затоа што Мицкоски е слаб, нема визија, нема став, тој е обичен послушник на Никола Груевски.

Опасноста по државата е огромна заради непромислениот популизам и деструктивноста која владее во опозицијата.

СДСМ и демократските сили нема да дозволат кој било да ја загрози европската иднина на државата и на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ќе има редовни избори, но ако има иницијатива од опозицијата за предвремени избори, ќе ја поддржиме и одиме на избори

ДЕСК

Сиљановска-Давкова: Добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот

ДЕСК

Мицкоски: Ако Мацура работел со руски капитал, зошто Владата на СДС и ДУИ влегла во деловни односи со таа банка

ДЕСК