Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

142 санкционирани возачи во Скопје, 63 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 63 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК