Иронично или не, Мицкоски вели дека само промена на власта и доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ е решение за излез од кризата, без при тоа да каже како ќе се справи со последиците, какви мерки ќе донесе и од каде ќе обезбеди пари за нивна реализација, пишува 24инфо.мк.
Пред нешто повеќе од еден месец, Мицкоски се сретна со премиерот Ковачевски носејќи со себе како што тој велеше „контакти“ кои ќе обезбеделе двојно поевтини енергенси за државата.
Оттогаш па се до денес, тие контакти на Мицкоски, не носеа некои значајни придобивки за државата, а и самиот Мицкоски веќе одамна не ги споменува.
Но затоа, синоќа во интервју кажа дека се чувствувал многу пријатно што заедно со своите пратеници успеал да спречи заем од ЕБОР од 100 милиони евра наменети пред се за АД ЕСМ и полесно справување со енергетската криза.
Владејачката СДСМ остро го напаѓа овој потег на Мицкоски, оценувајќи дека тој лажел кога велел дека поради таквиот заем ќе се затвореле енергетски капацитети низ државата.
Сума сумарум, Мицкоски навистина тврди дека самото доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе значи излез од кризата.