24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Предвремени избори значат и привремена блокада на државата

Доколку Христијан Мицкоски успее да издејствува предвремени избори и Собранието би се распуштило уште денеска, изборите би се одржале по 100 дена, односно кон крајот на месец февруари, пишува 24инфо.мк

Согласно изборниот законик и Договорот од Пржино, тоа е период во кој треба да функцонира техничка Влада со крајно ограничени можности за работа и со распуштено Собрание.

Одредбите од законот се доста строги кога е во прашање функционирањето на Владата во предизборен период, со што е невозможно носење на нови мерки, исплата на субвенции и друг вид на помош кон граѓаните, што во суштина значи дека институциите ќе бидат на „принуден одмор“.

Таквата состојба не завршува со денот на гласање, туку трае се до формирање на нова Влада за што е потребен уште еден дополнителен месец.

Тоа значи повеќе од четири месеци блокирана држава и тоа во период кога мерки и решенија се носат од ден за ден, согласно светските случувања во време на глобална криза.

Сума сумарум, изборите не само што можеби нема да бидат решение, туку сигурно ќе бидат и нов проблем.