Centar.mk
КУЛТУРА

Јавна проба: ГРАДОТ КАКО СЦЕНА – ИЗГУБЕНИ МОДЕРНИСТИЧКИ УТОПИИ

„Градот е почувствителна и потрајна стварност, државата е посамоволна и поапстрактна. Етатизмот е системско организирање, урбанизмот е граѓанско организирање… Градот е јавност.“

На 3 јули 1973, во Скопје, е пуштен во употреба еден објект кој припаѓа на бруталистичката постземјотресна архитектура, зградата на месната заедница Тафталиџе и воедно и културен центар, кој што граѓаните го викаат „Домче“. ДОМЧЕ е една мала куќа која припаѓа на населбата. Куќа изградена за граѓаните.

Дванаесет приказни со наслов ДОМЧЕ (можеби) најмалиот бруталистички објект на светот, се пишувани како дел од долгорочниот уметнички интердисциплинарен проект со наслов ГРАДОТ КАКО СЦЕНА – Изгубени модернистички утопии. Овие приказни, зградата ја трансформираат во „текст“ кој треба да се допишува, надополнува, додава и одзема, како една жива книга која секоја генерација мора да ја чита одново.

13:00 – Јавна читачка проба
14:00 – Јавна перформативна и техничка проба
16:00 – АКТО Агора во бифе Тафталиџе

Локација: Во близина на објектот зграда на поранешна месна заедница во Тафталиџе, спроти основното училиште „Јан Амос Коменски“, ул. Варшавска бр.23.

Можеби ќе ве интересира

Три книги од „Арс Ламина“ добитници на наградата „13 Ноември“ за 2026 година

ДЕСК

„Чија си“ – биографија што го чува музичкото наследство на Славе Димитров за идните генерации

ДЕСК

„Матица“ го објави „Орландо“: големото враќање во светот на Лусинда Рајли

ДЕСК