Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: “Регионално рано предупредување на Балканот”, Тирана, Национална агенција за цивилна заштита на Албанија и Службата за шуми на САД

Денеска (11.11.2022), директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Секторот за анилитика, процени и стратешко планирање во ЦУК, Стевко Стефаноски, присуствуваат на регионална работилница “Регионално рано предупредување на Балканот” (Balkans Regional Early Warning) во организација на Националната агенција за цивилна заштита на Албанија и Службата за шуми на САД (United State Forest Service), што се одржува во Тирана, во Министерството за одбрана на Република Албанија.

Целта на работилницата е запознавање со Платформата за свесност за катастрофи (Disaster AWARE) што е развиена од Пацифичкиот центар за катастрофи на САД (Pacific Disaster Center).
По завршувањето на презентацијата ќе се одржи билатерален состанок со претставниците од САД со цел да се разгледаат можностите за понатамошна заедничка соработка.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК