Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Кризата не е само во Македонија: Канаѓаните почнаа да складираат храна поради поскапувањето

Поради зголемувањето на инфлацијата, многу граѓани во Канада почнаа да складираат прехранбени производи.

Истражувањето спроведено од Nanos Research покажува дека четвртина од анкетираните Канаѓани се снабдиле со храна минатиот месец поради зголемувањето на цените.

Анкетите покажуваат дека Канаѓаните купуваат поевтина храна. Покрај тоа, тие јадат помалку за да се справат со растечките цени.

Истражувањето опфатило повеќе од 1.000 Канаѓани, кои биле прашани дали користат некој метод за да заштедат пари поради зголемените цени на храната.

Дури шест од десет Канаѓани рекле дека купуваат поевтина храна, 25 отсто складирале храна, а 17 отсто јадат помалку како резултат на поскапувањето.

Повеќе од една четвртина од анкетираните не ги промениле своите навики, додека шест отсто рекле дека собираат купони за попуст и бараат производи на продажба.

Околу еден процент од испитаниците изјавиле дека купуваат помалку храна.

Во мај, канадската статистика соопшти дека годишната стапка на инфлација била 7,7 отсто, што е највисока од 1983 година.

Можеби ќе ве интересира

КРЕДИТ ОД 10.000 ЕВРА МОЖЕ ДА ЧИНИ МНОГУ ПОВЕЌЕ – Што треба да проверите пред потпис?

ДЕСК

РЕЧИСИ 200 ЕВРА РАЗЛИКА ВО ПРЕСМЕТКИТЕ ЗА ЖИВОТ – Синдикатите и Владата со различни потрошувачки кошнички

ДЕСК

БОЖИНОВСКА ОСТАНУВА МИНИСТЕРКА – Собранието ја отфрли интерпелацијата со 63 гласа против

ДЕСК