Centar.mk
КУЛТУРА

Книги за Мајка Тереза во Националната Библиотеката на Рига

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денеска оствари повеќе работни средби во рамки на билатералната посета на официјална Рига.

Османи се сретна со претседавачот на Комитетот за надворешни односи во латвискиoт парламент (Сајмот), Рихардс Колс. На средба беше изразено задоволство од блиските билатерални односи и тесната соработка меѓу двете држави како во билатерален така и во мултилатерален план. Османи меѓу другото го информираше соговорникот и за текот на евроинтегративниот процес на земјава, потенцирајќи дека во овие сензитивни времиња, неопходно е зајакнување на европската перспектива во земјите од Западниот Балкан, како клучен двигател на европската реформска агенда.

“Северна Македонија како земја која негува мултиетничка демократија и e промотор на култура на дијалог, останува посветена за промоција на решавање на отворените прашања исклучиво преку дијалог и меѓусебно разбирање” истакна Османи, реафирмирајќи ја потребата од формирање на Парламентарна група за соработка со Северна Македонија во латвискиот парламент, за што доби поддршка од латвискиот соговорник.

Колс ја реафирмира латвиската поддршка за евроинтегративниот пат на Северна Македонија и изрази очекување за ревитализација на парламентарната соработка во наредниот период. Брифираше за состојбите во Балтикот, по руската инвазија во Украина, и повика на солидарност и максимална поддршка за Украина, изразувајќи признание за напорите на нашата земја на овој план.

Во рамки на својот престој во Латвија, Османи оствари посета на Националната Библиотека во Рига, при што му беа врачени книги од латвиската книжевност, додека Османи подари книги од македонската книжевност, со цел промоција на македонскиот јазик пред латвиските читатели како и книги за Мајка Тереза.

Можеби ќе ве интересира

ЕКСКЛУЗИВНО: „Танец“ и „Ладо“ со заеднички концерти под отворено небо во Битола и Скопје

ДЕСК

Белградски овации за Дина Јашари и „Растенија без корен“

ДЕСК

„Мисли на македонски, читај домашно“ завршува со голема донација: Книги од „Матица“ за сите одлични ученици во битолската гимназија „Јосип Броз – Тито“

ДЕСК