Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Две лица во Скопје осомничени за недозволено поседување оружје 11Ное 22

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражни постапки против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Полициски службеници на 10 ноември извршија претреси во домовите на двете лица. Првиот осомничен, во својот дом држел полуавтоматско оружје – пиштол марка “Астра” со калибар 6,35 милиметри и пет куршуми за тој пиштол. Вториот осомничен, пак, неовластено држел полуавтоматско кусо оружје – пиштол марка “Глок 17” и 17 куршуми.

Надлежниот јавен обвинител, со цел да го обезбеди присуството на осомничените во текот на постапката, за едниот од нив достави предлог за определување мерка притвор, а за другиот – предлог за определување мерки на претпазливост.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +