Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На клиентелистот му пречел клиентелизмот – епа, збогум Никола

На македонскиот фејсбук мегдан во текот на вчерашниот ден се појави изблик на гласниот и понекогаш пискав крик на политичарот клиентелист – вели дека му пречел клиентелизмот. Познавачите велат дека веќе не бил неприкосновен во тој бизнис, се појавиле повеќемина како него, па се почувствувал загрозен и вриснал од мака со уште еден громогласнен и навидум патриотски фејсбук статус, пишува Frontline.mk во својот денешен коментар.

Тоа е истиот клиентелист кој ги помина сите партии и кому очигледно му има снемано партија во моментов, па нервозно се жали на фејсбук.

Политичарот во својата фејсбук жалба зборува и за неспособност. Тоа е истиот политичар за кој велат дека за време на неговиот последен ангажман за кој беше платен со парите на народот, со денови не се појавувал на работа, за што тој самиот веројатно ќе каже дека е толку многу способен што половина од деновите не ни морал да работи, целите ги остварувал за половина од предвиденото време.

Тоа е истиот политичар клиентелист кој 25 години без престан ја шета вдолж и попреку македонската политичка сцена и кој денес вели дека требало да и се каже ЗБОГУМ на старата политика за да нè бидело. Епа, ЗБОГУМ Никола, за конечно да нè бидне.

Можеби ќе ве интересира

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК