Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трибината на СДСМ во преполна сала: Струмица е симбол на социјалдемократијата

Владејачката СДСМ вечерва организира граѓанска трибина во Струмица каде салата Парк е премала за да ги собере заинтересираните граѓани и симпатизери на партиајта. Со присутните во Струмица разговара премиерот Димитар Ковачевски кој порача дека Струмица е симболот на социјалдемократијата.

„Не случајно СДСМ победуваше во Струмица дури и тогаш кога беше најтешко, кога целата држава беше заробена од страна на ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години. Струмица е олицетворение на што сме ние, социјалдемократите“ рече Ковачевски.

Во своето обраќање премиерот истакна дека СДСМ е печатот на македонската европска идеја и напредокот од осамостојувањето до денес.

„СДСМ е дел од континуитетот на државничките одлуки во исполнување на македонските национални стратешките цели поставени уште од независноста. 31 година СДСМ е на вистинската страна на историјата и за тоа секој социјалдемократ, секој од вас овде присутен во оваа сала е особено горд“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +